Во Берлин до 15 часот гласале околу 30 отсто од регистрираните гласачи

Гласањето во избирачкото место во Македонската амбасада во Берлин, каде од 7 часот наутро се гласа за партиските листи за седмата изборна едница, се одвива без никакви проблеми и во најдобар ред, јавува дописникот на МИА од Берлин.
На избирачките списоци за предвремените „Избори 2016 година“ се запишани вкупно 585 гласачи од северниот дел на Сојузна Република Германија.
До 15 часот избирачкото право го искористиле 200 државјани на Република Македонија кои што предходно се регистрирале во Државната изборна комисија, што значи дека во првите 8 часа гласале околу 30 отсто од гласачите.
- Гласањето започна без никаква проблемни во 7 часот изутрина и се одвива во најдобар ред, вели во изјавата за МИА претседателот на изборната комисија на гласачкото место во Амбасадата во Берлин, Сашо Марковски.
Во Амбасадата на Република Македонија во Берлин гласаат регистрирани македонски државјани од повеќе градови во овој дел на Германија како Хамбург, Бремен и Хановер.
Ново на Сител
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 обезбеди финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
