Македонија
29. November 2020 - 19:20

Во Берово од утре акција за собирање кабаст отпад

Во Берово започнува акција за собирање кабаст отпад. Од Општината информираат дека акцијата ќе се одвива во текот на претстојната работна недела, почнувајќи од понеделник.
 
-Во текот на работната недела, почнувајќи од понеделник 30.11.2020 година, Општина Берово ќе организира собирање на кабаст отпад (делови од мебел, душеци, теписи и слично). Граѓаните кои имаат потреба од отстранување на ваков отпад, треба да го изнесат на тротоарите пред своите домови, со цел тој да биде благовремено транспортиран на соодветно место, информираа од Општината.
 
Кабастиот отпад не е комунален отпад, поради што апелираа до населението, да се придржува кон термините за спроведување на акциите за негово транспортирање.
 
 
-Доколку во иднина, се забележи фрлање на ваков отпад во контејнерите за комунален отпад, ќе следуваат санкции од страна на надлежни органи, согласно одлуката за комунален ред, нагласуваат од Општината.
 
Акцијата ќе се реализира во соработка со јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од Берово, кои по собирањето, кабастиот отпад ќе го транспортира до местото назначено за таа намена.