Во БиХ најевтин, во Словенија најскап бензинот во регионот

Босна и Херцеговина има најевтини цени на нафтени деривати во регионот, а горивото е најскапо во Словенија.
Цена на литар бензин во БиХ е 0,90 евра, во Македонија е едно евро, во Србија 1,19 евра, во Црна Гора 1,22 евра, во Хрватска 1,24 евра и најскапо е во Словенија, каде чини 1,25 евра, се наведува во анализата на француски „Цофаце“ (Compagnie Française d'Assurance pour le Commerce Extérieur).
Сепак, во здруженијата на потрошувачи нагласуваат дека цената на некој производ не може да се гледа изолирано, односно мора да се доведе во врска со месечните приходи на граѓаните.
Доколку се доведат во сооднос просечните плати и цената на горивото, тогаш за иста сума, најмалку гориво можат да купат Македонците, Србите и Црногорците. По нив следуваат граѓаните на БиХ. Од друга страна, Хрватите за просечна плата можат да купат околу 165, а Словенците речиси 340 литри бензин.
Кога е во прашање соодносот меѓу цената на горивото и просечните пензии, тогаш српските пензионери можат да купат најмалку гориво, а по нив се босанските. Македонскиот и црногорскиот пензионер можат да купат речиси 45 литри повеќе бензин од оној во БиХ, а хрватскиот пензионер и 50 литри поеќе. Словенечкиот пензионер со најниска пензија може да купи дури 200 литри бензин повеќе отколку пензионер од БиХ, кој месечно прима околу 340 конвертибилни марки.
Ново на Сител
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
