Во БиХ уапсен осомничен за поврзаност со оружјето откриено близу домот на Вучиќ
Властите во Република Српска приведоа маж, осомничен дека е повврзан со оружјето кое пред десетина дена беше пронајдено во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ во белградската баселба Јајинци.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, апсењето е извршено по меѓународна потерница издадена од Србија, по обвинение за незаконско поседување на оружје и експлозивни материјали.
Осомничениот е уапсен во Бања Лука за време на викендот и е предаден на судот на Босна иХерцеговина за евентуална одлука за екстрадиција.
Во шума близу куќата во која живеат родителите на Вучиќ во Јајинци, полицијата откри рачен ракетен фрлач, рачни бомби и муниција за снајпер и автоматска пушка.
При истрагата било утвредено дека рачниот ракетен фрлач, кој се користи за уништување на тенкови и оклопни возила, е набевен од црниот пазар во Хрватска, а две од рачните бомби се од босанско производство.
Ново на Сител
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари
-
Татко ја пријавил за исчезната малолетната ќерка, таа се јавила од Косово
-
Криминалци со пиштоли влегле во фирма за брзи кредити и украле 5000 евра