Во Битола ликовна изложба на автори од Турција и Македонија

Друштвото на ликовните уметници-Битола и академски ликовни уметници од Ескишер при Универзитетот Анадолу-Турција, синоќа во Битолскиот Музеј приредија заедничка изложба под наслов „Ликовни изрази“.
Станува збор за ликовни дела, скулптури, уметнички дела од мермер и дрво, и други творби на девет автори од Турција и 11 автори од Македонија.
- Уметноста е безгранична, а соработката меѓу ликовните уметници од Македонија и Турција, и бесконечна. Уште од првиот момент кога се договоривме, па се до изложувањето на ликовните творби за да се споделат со јавноста, знаевме дека нашите ликовни изрази освен што ќе бидат прифатени туку и со задоволство погледнати. Мајсторствата на ликовните уметници од двете држави освен во Битола на 15 јуни ќе бидат презентирани и во Скопје, истакна организаторот на изложбата, претседателот на ДЛУБ, Драган Најденовски на синоќешното отворање на изложбата во овој град.
Своите најнови ликовни остварувања во Битола ги презентираат Ќунејт Ер, Ондер Ер, Левент Југундоз, Ерџан Дурал, Селим Чинар, како и уметниците од Македонија Сандра Котевска, Љубица М. Солак, Драган Најденовски, Беди Ибрахим, Владимир Симоновски, Никола Смилков, Слободан Милошевски и други автори.
- Кога се претставувате во Битола тогаш треба да знаете дека треба и добро да се подготвите. Ние за гостувањето во Битола бевме посебно мотивирани, а причините се добро познати и втемелени на длабоката традиција и врски меѓу двете држави. Да се претстави личното творештво во зградата на Ататурк, во Битолскиот Музеј е привилегија за секој турски автор, посочи ликовниот уметник Ќунејт Ер, координатор на делегацијата академски уметници од Ескишер.
Меѓународната ликовна изложба „Ликовни изрази“ ја поддржаа НУ Завод и Музеј-Битола, Македонско научно друштво-Битола и Друштво на македонско-турско пријателство-Битола.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
