Во Битола одбележан Светскиот ден на науката

Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ кој работи во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и Македонско научно друштво-Битола, со академски час го одбележаа Светскиот ден на науката.
На промотивниот настан, деканот на ФИКТ, проф. д-р Игор Неделковски посочи дека организаторите на академскиот час се едни од ретките кои го одбележуваат Светскиот ден на науката, која како што рече сеуште е на маргините на општеството.
-А, науката, рече Неделковски е битен елемент за развојот на секое општество и затоа не смее да се заборава на Светскиот ден на науката. Очекуваме наскоро ФИКТ, инфраструктурно да биде водечка сила на научниот развој во регионот, посебно од сферата на информатичките науки бидејќи дел од новиот објект има современи лабаратории кои најдоцна до нова година да бидат промовирани. Станува збор за корисна површина од околу 2.000 квадратни метри со најсовремени лабаратории кои ќе бидат на располагање на студентите, посочи Неделковски и додаде дека науката треба да се сака бидејќи таа може значително да го промени животот на секој човек.
На академскиот час во овој град, МНД-Битола ја претстави сопствената издавачка дејност, меѓународната размена на книги и списанија што ја остварува со академиите во регионот, односно САНУ-Белград, ХАЗУ-Загреб и АНУБИХ-Сараево, како и соработката со МАНУ која трае повеќе од половина век.
Ново на Сител
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка минус седум степени, најтопло во Гевгелија седум степени
-

Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите
-

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-

Генералниот секретар на ОН го поддржува Одборот за мир, но го смета за личен проект на Трамп
-

Изборен молк на сила во Словенија пред неизвесните парламентарни избори
-

Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
