Во Битола премиерна изведба на документарната театарска претстава „Жени“
![]()
Жени битолчанки, борци со болеста рак со која лично се соочиле, синоќа одиграа документарна теарска претстава во која на свој и оригинален начин ја презентираа својата борба со рак на дојка.
Во театарската претстава учествуваа битолчанките Невена Стерјевска, Катерина Петровска, Трендафилка Киклевска и Зорица Цибалевска, жени кои никогаш не биле акерки, а кои со битолската публика ја споделија личната борба против рак на дојка и рак на матка, а Цибалевска посебно беше фокусирана на пораките од нејзината мајка Летка Андреевска која го загуби животот во борбата против болеста рак.
-Театарскиот проект беше во функција на подигнување свест за редовни прегледи и брзо дијагностицирање на болеста рак која за жал во голем обем и бројка е застапена во пелагонскиот регион. Во претставата говоревме за искуствата, за борбата против самата болест, но и депресијата која се јавува кај секоја жена кога се соочува со оваа болест. И, конечно како жени од секојдневието, а не професионални актерки, сакавме да посочиме дека борбата е можна ако решително се води, истакнаа учесничките во претставата „Жени“, по синоќешната документарна театарска премира во Битола.
Стручно оформување на претставата изврши Софија Ристевска-Петрушева, професионален театарски режисер и основач на „Интимен Театар“ и хотел „Театар“ каде се одигра претставата, и каде функционира здружението за поддршка на жени болни од рак во Битола – „Одраз“.
Ново на Сител
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
-

„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3
