Во Битола претставен проектот „Грижа за здравјето на Ромите“
Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“-Битола го претстави проектот “Roma health care - Грижа за здравјето на Ромите“, меѓународна анализа за состојбите и потребите на ромските заедници во Бугарија, Германија, Македонија, Грција, Унгарија и во Романија во областа на здравството.
Фатма Бајрам, директорка на „Сумнал“-Битола изтакна дека во рамки на проектот во перидот од 22 април до денеска во Битола се одржа меѓународен семинар на кој беа презентирани резултати од истражување во кое беа вклучени 720 Роми.
- Семинарот е успешен, а резултатите од истражувањето ги презентиравме и пред локалната заедница и пошироката јавност. Дискутиравме и предлагавме решенија бидејќи наша заедничка цел е поголема грижа за здравјето на Ромите, посочи Бајрам.
Ново на Сител
-
Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
-
Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња
-
Етиката во религиите не смее да биде на маргините, туку во главните текови на образованието
-
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
-
Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ
-
Колагенот важен против опасноста од рак
-
Србија: Ректорскиот колегиум го одби повикот на Вучиќ за дијалог