Во Битола се одржаа „Отворени денови со Катастарот“
Агенцијата за катастар на недвижности денеска во Битола продолжи со акцијата „Отворени денови со Катастарот“ во која во неколку часа учествуваа 87 граѓани на кои им беше дадена стручна помош, комплетирање одредени барања и решавање проблеми.
- Граѓаните најчесто прашуваат за сосопственичките права произлезени од авионските снимања, легализација на нивните имоти и други прашања од имотно правната проблематика, истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
Според Трпески, циклусот „Отворени денови со Катастарот“ овозможи да се добијат корисни информации од граѓаните кои како што рече биле преточени во измени и подобрување на Законот за катастар на надвижности.
- Оваа година имаме и новина, и покрај отворени денови со граѓаните организираме и отворен ден со приватните геодетски фирми како и за компании од државата. Циклусот „Отворени денови со Катастарот“ ќе се одвива до 2 февруари 2017 година, но уште еднаш апелирам граѓаните да го искористат дадениот рок до 31 декември 2016 година кога завршува процесот на легализирање на бесправно изградени објекти односно комплетирањето на документацијата вклучувајќи ги и геодетските елеборати, посочи Трпески.
Агенцијата за катастар на недвижности, како што беше истакнато на средбите, интензивно работи и на изработка на подземен катастар за кој интерес покажале неколку македонски компании кои вршат упис и вложуваат за премер на сопствената инфраструктура.
Ново на Сител
-
1603 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
МОН: Безбедносните стандарди во училиштата да бидат во фокусот на општините
-
Демант од МВР на наводите за санација на оградата на мостот „Гоце Делчев“
-
Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани
-
АХВ и МВР спречија пуштање во промет на повеќе од 40 тони небезбедни сувомесни производи
-
Таравари: Очекуваме осум пациенти неделава да се вратат од странство, четири во критична состојба
-
Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад
-
Двајца починати при пукање во с.Волково