Во Црна Гора нема прослави и свадби, се затвораат ноќните клубови
Со новите епидемиолошки мерки во Црна Гора, кои од денеска стапуваат во сила, се забрануваат новогодишни прослави на отворено, свадби на отворено и во затворен простот, како и работа на ноќните клубови.
Исто така, се ограничува и работното време на угостителските објекти до полноќ и забрането е организирање ученички екскурзии и излети, приватни прослави и родендени, а престој во куќи и станови се препорачува само за членови на исто семејство.
Националниот дигитален ковид-сертификат и претходно беше услов за преминување на државната граница, за престој во затворен дел на угостителски објекти, за присуство на приредби и спортски натпревари.
Владата на Црна Гора се уште ја разгледува можноста од 1 декември да воведе задолжително поседување Национален дигитален ковид-сертификат за целата јавна администрација – здравство, образование, полициска управа, армија, пренесува РТЦГ.
Доколку бидат усвоени тие мерки, од 1 декември Националниот дигитален ковид-сертификат ќе биде неопходен и за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории и бизнис објекти, во кои дејност вршат повеќе од три компании, односно претприемачи и објекти со површина над илјада метри квадратни, каде се врши малопродажба на непрехранбени производи.
Ново на Сител
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Уапсен 51-годишник од прилепско, за другото лице кое пукало се превземаат мерки за пронаоѓање | ВИДЕО
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск
-
Протести низ Европа против Трамп
-
Претежно облачно и студено време со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија