Македонија
15. April 2020 - 16:00

Во Дебар расте бројот на оздравени, новозарзени нема веќе 12 дена

И во изминатото дванаесетто по ред деноноќие, во Дебар нема новодијагностицирани со Ковид-29,со што бројката останува на 49.

Во исто време расте бројот на оздравени лица кои беа на домашно лекување. Во последните два дена тој број изнесува 15 , со што вкупната бројка на оние кои ја добиле битката со опасниот вирус се зголеми на 31 лице.

Сепак,како што порача градоначалникот Хекуран Дука на денешната прес-конференција, битката со невидливиот непријател не е добиена, па треба строго и понатаму да се почитуваат сите мерки и препораки.

– Иако Дебар и Центар Жупа ја поминаа кризната состојба, населението не треба да се однесува со триумфализам,бидејќи продолжува проблемот со кризата со опасниот вирус. Граѓаните треба да бидат и понатаму дисциплинирани и да ги почитува владините мерки, рече Дука, кој раководи и со
општинскиот Оперативен штаб.

Безбедносната состојба на подрачјето на двете општини,  кои се под надлежност на Одделението за внтарешни работи Дебар, продолжува да биде стабилна.

– Не е регистрирано непочитување на одлуката за забрана за движење, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и сообраќајни незгоди. Граѓаните се должни, да ги пријават случаите кога има злоупотреби од страна на несовесни лица,затоа што во оваа ситуација е неопходна максимална
соработка на граѓаните со локалната власт и полицијата, изјави Дука.

Информираше дека и понатаму од разни донатори пристигнува хуманитарна помош за најранливата категорија граѓани, која се распределува без никакви проблеми.