Во државните клиники лекарска помош побарале 83 повредени

Вкупно 83 повредени во синоќешните нереди во Собранието ноќеска побарале лекарска помош во Универзитетска клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Ургентниот центар и во Градската општа болница „8 Септември“.
Директорката на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“, Јасминка Чабуковска изјави дека во таа јавна здравствена установа во текот на изминатата ноќ на преглед се јавиле 48 лица на кои им биле направени сите лабораториски радиолошки иследувања.
- Од нив хоспитализирани беа шест лица. Доминираа повреди на главата, на вратот, а во подоцнежните часови имаше повреди од шок бомби-со посекотини. Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Од нив четворица изутрината се пуштени на домашно лекување. Остануваат двајца од кои едниот кој има повреда на ахилова тетива најверојатно ќе биде задржан уште некое време, потенцира Чабуковска.
Таа рече дека најголемиот број од повредените биле цивили, а четворица биле од безбедносните сили, кои по укажаната помош се пуштени на домашно лекување. Додаде дека кај нив повредени пратеници не побарале лекарска помош.
- Во текот на вчерашната вечер кај нас работеа четири ургентни амбуланти за разлика од обичните денови кога работи една. Персоналот беше на повик. За празничните денови ќе се организираме исто така дополнително со дополнителни екипи на повик, додаде Чабуковска.
Директорот на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Реџеп Селмани изјави дека во Ургентниот центар лекарска помош побарале 28 повредени, од кои шестмина се хоспитализирани, а другите по укажаната помош се пуштени на домашно лекување со даден совет за контролен преглед.
Посочи дека од шестмината хоспитализирани, тројца се примени во Одделот за интензивно лекување од кои на двајца синоќа им била извршена хирушка интервенција.
- Еден од стационираните е примен на Клиниката за пластична хирургија, а двајца на Клиниката за неврохирургија. Од вкупниот број повредени 19 се припадници на МВР, рече Селмани.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека меѓу повредените кои биле примени во Ургентниот центар е и пратеникот Зијадин Села, кој, како што истакна, има сериозни повреди.
- Примен е во Одделот за интензивно лекување КАРИЛ. Неговата здравствена состојба е стабилна и не е во животна опасност. Уште двајца пратеници, меѓу кои и Радмила Шекеринска, беа донесени во Ургентниот центар со полесни телесни повреди и потоа се пуштени на домашно лекување, рече Селмани.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека еден од стационираните има отворена фрактура, скршеници на двете потколеници и кај него била извршена хирушка интервенција на Клиниката за трауматологија, друг има повреда скршеница на петната коска и кај него е извршена хирушка интервенција, а останатите се со полесни повреди.
Во ГОБ „8 Септември“ синоќа седуммина повредени побарале лекарска помош. Тие имале лесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
