-->
-->
Во Франција рекордни 13.498 новозаразени со Ковид-19
-->
Франција за последните 24 часа пријави 13.498 нови потврдени случаи на коронавирусот, што е уште еден рекорд во бројот на новозаразени за еден ден.
Вкупниот број на случаи во земјата сега изнесува 442.194, а неделниот просек на нови дневни инфекции се зголеми на повеќе од 9.700, во споредба со најнискиот 272 на крајот на мај, две недели по укинувањето на блокадата во земјата.
Според епидемиолозите, забрзаната циркулација на вирусот и шесткратното зголемување на тестирањето, откако владата го направи бесплатно, се двете главни причини за зголемувањето на бројките.
Бројот на луѓе во Франција кои починаа од Ковид-19 вчера се зголеми за 26, на 31.274 жртви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња