Во Германија уапсени седум лица за криумчарење луѓе
Германската полиција денеска уапсила седум лица осомничени за криумчарење бегалци од Сирија во Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Германската полиција денеска објави дека меѓу уапсените е 48-годишен Германец од либанско потекло, кој ја предводел групата. Групата, во која имало петмина мигранти, е уапсена по полициска акција во 40 домови во покраините Северна Рајна Вестфалија и Сарланд.
Според полициските оддели и јавните обвинителства во Санкт Аугустин и Вупертал, во акцијата за апсење на групата биле ангажирани 200 полицајци, а при претресите биле пронајдени парични средства, мобилни телефони, компјутери, хард дискови, како и пасоши и возачки дозволи.
Уапсените се товарат за спроведување на 50 операции за криумчарење на 250 Сиријци. Секој од бегалците плаќал по 1.500 евра за да биде донесен со автомобил или минибус во Германија преку Австрија и Унгарија откако претходно ја минале „балканската рута“. Криумчарите со луѓе се соочуваат со затворски казни од седум години.
Ново на Сител
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум