Во Грција засега не постојат препораки за отворање на границите за други земји
Во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји, ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот бифинг со новинарите, во однос на тоа дали Владата размислува да ја прошири листата со трети земји за влез во Грција.
-Во овој момент не постојат препораки за отворање за други земји . Забележуваме пораст на пандемијата, општо на планетата и во Европа, според тоа во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји. Ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече Пецас.
На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада објасни дека во оваа фаза во Грција постојат три области што предизвикуваат загриженост за коронавирусот.
Првата е континуираното поминување на копнените граници кон балканските земји на Грците и оние кои имаат дозвола за престој, втората се однесува на забавите во баровите и ноќните клубови, како и на прославите (свадби, крштенки), а третата област е ситуацијата во превозните средства.
За првиот случај рече дека „некои продлжуваат да влегуваат и излегуваат како да не се случува ништо“ и најави дополнителни мерки за копнените граници кон Северна македонија, Албанија, Бугарија и Грција, кои и онака се отворени само за грчки државјани и оние кои имаат дозвола за престој.
-Соопштувме дека забраната за поминување од 23 часот до 7 часот наутро, од утре вечер се проширува на копнените гранични премини што се отворени за конкретни категории граѓани, освен Промахонас, рече Пецас.
Конкретната мерка е веќе во сила на граничниот премин Какавиас со Албанија, а од утре ќе важи и за Евзони (со Северна Македонија), Кристалопиги (со Албанија), Нимфеа (со Бугарија) и Кипи (со Турција).
Пецас истакна дека следната седмица е клучна за текот на пандемијата во земјата, објасни дека ќе ги преземат сите дополнителни мерки што се неопходни доколку за тоа постои препорака од експертите.
Со оглед на тоа дека во одредени делови на Грција има зголемен број случаи на Ковид-19, портпаролот на грчката Влада, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, не ја исклучи можноста за воведување локални карантини, бидејќи, како што рече „тоа е мерка што во минатото беше успешно спроведена за да се ограничи веројатноста вирусот да се прошири во општеството и доколку биде потребно повторно ќе се преземат и такви мерки“.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп