Балкан
30. January 2021 - 18:50

Во Хрватска убиен познат претприемач и уште три лица

Како што пишуваат хрватските медиуми, познат претприемач од подрачјето на Шибеник е убиен со автоматска пушка додека бил во автомобил пред еден дуќан во Водице.

Од страна на полицијата е потврдено дека во Ведице во автомобил покрај патот пронашле мртов маж застрелан во автомобил. Малку подоцна во 13.23 часот, полицијата од итната медицинска помош добила повик за пронајдени три мртви лица, двајца мажи и една жена, во еден објект на Јужната магистрала.

Полицијата ги повика граѓаните да помогнат и доколку видат возило марка Шкода со регистарски ознаки ŠI-959-HF да пријават во полиција и да не се приближуваат до возилото. Првичната информација била дека убиецот се самоубил, фрлајќи се од мост, што потоа беше демантирано од полицијата и сведоците.

До убиството дошло кога убиецот ги повикал жртвите за склучување на договор околу купување на хала од фирма која отишла во стечај а преговорите завршиле крваво по купувачот. Жртвите се најверојатно маж и жена и нивниот син, додека во автомобил со 20 куршуми пред неговата фирма е убиен бизнисменот Теди Сламиќ.

Убиецот неофицијално е Бранко Колопер, поранешен сопственик на фирмата Мактол, која пред три години отишла во стечај. Жртвите во магазинот најверојатно се Радојка Данек и нејзиниот сопруг и син.

Ново на Сител