-->
-->
Во Италија 111 смртни случаи од коронавирусот, 416 новозаразени
-->
Бројот на починати од ковид-19 во Италија денеска се зголеми на 111, 24 случаи повеќе од претходниот ден, а 416 лица се заразени, сто помалку отколку вчера, објави италијанската цивилна заштита.
Вкупниот број на смртни случаи во Италија поради новиот коронавирус од почетокот на епидемијата, на 21 март, изнесува 33.340, според Цивилната заштита.
Италија е трета земја по ред во светот со најмногу смртни случаи после САД и Велика Британија.
Бројот на потврдени случаи е 232.664, на шестото место зад САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.
Во моментов има 43.691 заболени пациенти. Бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега опаѓа веќе подолго време, па денеска се хоспитализирани 450 лица, 25 помалку од претходниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани