Во Италија наскоро тест со кој ќе се утврдува кој го прележал вирусот
Сигурен тест на крвта за антитела за да се утврди кој веќе прележал коронавирусот, ќе даде подобра слика за големината на италијанската епидемија и може да се направи за неколку дена, соопштија денеска научни советници на италијанската Влада.
Се поголем е притисокот да се открие кој бил изложен на вирусот и дали некои луѓе развиле имунитет за да ги олеснат строгите мерки што Владата ги постави за спречување на инфекцијата.
Франко Локатели, шеф на италијанскиот Висок здравствен совет, рече дека сигурен систем за тестирање на антитела што се користи на национално ниво допрва треба да биде идентификуван, иако веќе се предложени разни производи. Според него, научницте советници се надеваат дека за тој производ ќе имаат резултати „за неколку денови“. За целосна примена ќе биде потребен уште еден месец.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи