Македонија
29. March 2023 - 10:16

Во изминатото деноноќие произведени се 15.347 мегават часови електрична енергија

 АД ЕСМ вчера произведe 15.347 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.

При тоа, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 10.198 мегават часови струја, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.149 мегават часови.