Македонија
5. April 2016 - 13:06

Во Калиманци акумулирани 113 милиони метри кубни вода

Во акумулацијата Калиманци досега има акумулирано 113 милиони метри кубни вода, што претставува доволн количина вода за целата наводнителна сезона, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
 
Од Водостопанство „Брегалница“ Подружница Кочани, која стопанисува со Хидросистемот и акумулацијата Калиманци,  информираа дека е подготвена каналската мрежа од хидросистемот и акумулираните количини вода потребни за престојната наводнителна сезона која официјално започнува на 15 април оваа година.
 
- Целокупната каналска и дистрибутивна мрежа од Хидросистемот Брегалница е подготвена за испорака на водата до крајните корисници. За полињата во атарот на кочанско Оризари вода ќе биде пуштена на 7. април Благовец, за што ќе бидат користени водите од Оризарска и Кочанска река, изјави Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
 
Според планот Водостопанство „Брегалница“ ќе  наводнува 9 илјади хектари од кои најмногу 5000 ха се под ориз а останатите површини под останати земјоделски култури.
 
Инаку, претставници од Водостопанство во наредните три дена ќе имаат средби во населените места Прибачево, Кучичино, Истибања, Јакимово и Виница. Земјоделците продолжуваат со  склучувањето на  договорите за користење вода за наводнување од ХМС „Брегалница“, а паралелно со овие активности ги подготвуваат и нивите за сеидба и прифаќање на водата од системот