Македонија
9. December 2016 - 11:12

Во Кавадарци изложба на дела од петмина македонски ликовни уметници

Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе” од Кавадарци синоќа беше отворена изложба на дела од петмина македонски ликовни уметници, кои се претставија како „Ликовна група 5”.

Станува збор за уметниците Владимир Темков, Данчо Ордев, Илија Кочовски, Димитар Мичо Кочевски и Драган Најденовски.

Темков, кој е и организатор на изложбата, рече дека Кавадарци отсекогаш бил расадник на уметници од врвен калибар.

- Изложбата во ваков формат е достојна да биде поставена во која било светска галерија, затоа што се работи за дела од пет врвни македонски автори, рече пензионираниот професор Данчо Ордев

Настанот, кој се одржа во рамки на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2016“, беше збогатен со настап на млади пијанисти и солисти.