-->
-->
Во Кина нема локално пренесени случаи, 54 импортирани
-->
– Во Кина во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден локално пренесен случај од новиот коронавирус, а намален е и бројот на заразени кои се враќаат од странство.
Националната здраствена комисија соопшти дека во Кина се пријавени 54 нови случаи на зараза и дека сите се импортирани.
Вкупниот број на заразени со Ковид-19 изнесува 81,394, додека цифрата на смртни случаи порасна за три и се искачи на 3.295. Смртните случаи се пријавени во провинцијата Хубеи, каде нема новозаболени лица.
Кина од денеска воведе поригорозни мерки за странските државјани и привремено го суспендира влезот на луѓето со виза или дозвола за престој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект