Во Кочани одбележана Неделата на детето

Со цел афирмирање на детските права во одбележување на Неделата на детето со свои активности се вклучи и ЈОУБ „Искра“. Неделата ќе биде одбележана сите пет дена со посета на децата од четирите клона на ДГ „Павлина Велјанова“ во Кочани и клонот од населба Оризари.
- Целта е да се зголеми свесноста кај децата за правото на образование, правото на нивно слободно изразување, правото за вклученост во детската игра и во креативни активности, во културниот живот на заедницата, свесноста за навремена здравствена заштита и заштита од секаков вид дискриминација и насилство, рече Магдалена Кочовска Салтирова, координатор на програмата.
Неделата на детето е значајна манифестација за сите деца затоа што, потенцира таа, тоа се денови кога се споменуваат правата на децата кои треба да се почитуваат во текот на целата година. Сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество, во кое постојат услови младите во сите возрасти добро да се подготват за предизвиците и промените со кои ќе се судрат во животот.
Со завршување на одбележувањето на Детската недела Библиотеката „Искра“ започнува со нова програма на тема „Книгата патува во домот на секое дете“ со цел мотивираното дете да ја однесе книгата во својот дом, да ја покаже на родителите и заеднички да се разговара за неа, а потоа своите импресии да ги постави на цртеж. Сите творби од децата ќе бидат поставени во изложба во библиотеката која што ќе биде отворена за сите граѓани на Кочани.
Ново на Сител
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
-

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
-

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем
-

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО
-

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
