-->
-->
Во комбе во струмичко откриени 47 мигранти, возачот побегнал
-->
Вчера околу 21.00 часот на излезот од с.Банско кон с.Свидовица од полициски службеници од СВР Струмица и Регионален центар за гранични работи Исток по превземени активности пронашле паркирано товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки во кое што биле пронајдени 47 лица-мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, додека возачот на возилото го напуштил местото на настанот.
За настанот е запознат јавен обвинител а лицата –мигранти се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и Привремениот транзитен центар во Гевгелија.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник