Во конкуренција за Рациновото признание 17 прозни дела
На објавениот конкурс за доделување на престижното „Рациново признание“ конкурирале вкупно 18 дела, од кои во официјалната конкуренција влегуваат 17 дела.
Како што соопшти организаторот, тоа се делата: „Комита“ од Владимир Плавевски, „Петтот годишно време“ од Сашо Димоски, „Потполковникот“ од Димитар Пандев, „Едно лето на Крит“ од Анде Јанков, „Шеесет приказни општо за животот“ од Иво Петровски, „Утринска молитва“ од Петко Шипинкаровски, „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски, „Зора во сликата“ од Петре Димовски, „Одблесоци од вечноста“ од Нове Младеновски, „Доилката“ од Лилјана Пандева, „О, тоа сте вие господине Памук“ од Трајче Кацаров, „Последниот монах“ од Добре Тодоровски, „Мемоарите на една мечка“ од Блаже Миневски, „Бури во срцето“ од Милијана Павловска, „Задна пошта 97244“ од Христо Петрески, „Светицата и разбирачот“ од Петар Петрески и „Добро утро Јаков“ од Санта Аргирова.
Апликацијата „Delirium tremens“ од Благоја Ристески Платнар во издание на Театарска работилница-Прилеп, е изземена од конкуренција за наградата, бидејќи, како што се посочува, согласно Правилникот за доделување на „Рациновото признание“, наградата се доделува само на живи автори.
Во состав на стручната жири-комисија, која ќе одлучува за наградата се Димитрије Дурацовски, минатогодишен лауреат на наградата, проф.др. Јелена Лужина и проф.др. Елизабета Шелева.
Согласно естетичката профилација, наградата се доделува за прозно дело кое е иновација во форма, структура и содржина и кое ја одбележало годината помеѓу две Рацинови средби.
Целта на наградата е да се промовираат и афирмираат новите насоки и правци во развојот на современата книжевност во Македонија, како и иновациите во формата, структурата и содржината на современите прозни дела.
Одлуката за наградата жири комисијата ќе ја донесе најдоцна до 5 јуни и таа ќе биде соопштена на прес-конференција пред почетокот на 53-тите „Рацинови средби“.
Наградата „Рациново признание“ се состои од плакета и паричен износ во висина од 60.000 (шеесет илјади) денари, а на добитникот ќе му биде врачена на свеченото затворање на манифестацијата на 10 јуни во Велес, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара притвор за Крешник Бектеши
-
Бектеши задржан во полициска станица - Засега нема правна квалификација, вели неговиот адвокат
-
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
-
Протестот во Кочани продолжи пред Обвинителството и Основниот суд
-
Вучиќ: Ќе примиме 29 повредени Македонци во Србија
-
Byчиќ во посета на повредените од Кочани кои се на лекување во УКЦ на Србија
-
Амбасадорката на Србија Јовановиќ: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград
-
Демолирани локалите на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани