-->
-->
Во Крива Паланка се одржа Франкофонска вечер
-->

Во националаната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа се одржа традиционалната Франкофонска вечер во организација на професорите по француски јазик од основното училиште „Јоаким Крчовски“ и средното општинско училиште„Ѓорче Петров“.
На настанот присуствуваше амбасадорката на Франција во Македонија, Лоранс Оер, Елисавета Поповска, претседател на Здружението на професори по француски јазик во Македонија, Кети Димковска, советник за француски јазик во Биро за развој на образование, Љупа Димова, Француски институт, Скопје и останати гости од францускиот круг во земјава.
Програмата започна со изложбата на цртежи од основците од Меѓународниот проект „Ентерланг“ одржан минатата година во Брисел, а гостите дегустираа специјалитети од француската гастрономија приготвени од учениците од угостителската паралелка на СОУ „Ѓорче Петров“.
Амбасадорката Оер искажа задоволство што францускиот јазик и култура се толку почитувани во Крива Паланка.
- Импресионирана сум од огромното присуство и интерес за настанот, до толку повеќе што вечерва гледам повеќе луѓе отколку на франкофонските настани во главниот град. Знам дека вашите ученици редовно се активни и многу успешни на разни настани каде го докажуваат познавањето на францускиот јазик, без разлика дали станува збор за драматизации, меѓународни натпревари или пак интерпретација на шансони, рече Оер во обраќањето.
Додаде дека присуствува тука за да се увери, како што рече, како овде се негува француската култура.
- Пријатно сум изненадена од специјалитетите и се останато. Имате успешни професори кои реализираат педагошки проекти, имате општина која развива проекти за францускиот јазик, и токму вака сакаме да го гледаме францускиот јазик, нагласи Оер.
Манифестацијата се организираше четврти пат, а учениците музицираа, изведоа повеќе драмски пиеси на француски, пееја шансони, подготвени под менторство на професорите од двете училишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
