Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри

Во здравствениот дом Крива Паланка се реализирани дваесет нови вработувања, а директорот Јоско Стефановски, рече дека тоа претставува вистинско освежување и голем исчекор кон заживување на здравствениот дом во интерес на пружање подобри здравствени услуги за граѓаните.
Новите вработувања вклучуваат седум лекари по општа медицина, шест медицински сестри, три лаборанти, двајца возачи за итната медицинска помош и двајца хигиеничари.
-Крива Паланка заслужува да има здравствена установа која ќе нуди добри можности и услуги за пациентите, а верувајте досега овој наш здравствен дом беше во незавидна состојба , пред се кога говориме за кадарот и навистина сум благодарен на сите што со своите заложби и напори помогнаа да реализираме вработувања што ќе значат заживување на установата. Покрај овие вработувања, по девет години, одобрени се четири специјализации и тоа: интернист, хирург, невролог и дерматовенеролог, а веќе се размислува за планот за специјалзиации за 2026 година. Еден приватен специјалзиант е превземен, тоа е офталмолог и очекуваме да дојде да работи за 2-3 години, рече Стефановски.
Поради недостиг на специјалисти, пред околу четири месеци Здравствен дом Крива Паланка потпиша договори со лекари – специјалисти од надворешни здравствени установи, од болниците во Кочани и Куманово, од каде во текот на неделата доаѓаат повремено, согласно распоредот на слободни термини специјалисти: невролог, двајца интернисти и рентгенолог, а во најскоро време се очекува да почне да доаѓа и специјалист-уролог од штипската болница.
-Во тек е процедурата за воведување и одобрување на кардиолошка дејност во здравствениот дом, следуваат вработувања и на админстративен и техничко-помошен персонал, а со сопствени средства од самата установа во тек е набавка на две санитетски возила, додаде Стефановски.
МИА
Ново на Сител
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
-

Британскиот премиер разгледува можност за јавна истрага за активностите на Џефри Епстин во Велика Британија
-

Жена избоде четири лица во центарот на Лондон
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
