Македонија
20. February 2020 - 16:57

Во Крушопек фатен еден килограм кокаин - Чулев не открива дали е дел од пратка тешка 1.3 тони

4 лица се приведени за еден килограм кокаин во акцијата Крушопек. Дрогата е запленета во магацин на фирмата Банекс компани при истовар на банани.  

Кокаинот е дел од поголема количина на дрога која според техничкиот министер требала да заврши во државава.

Потекнува од Колумбија, од каде фирмата во 120 наврати извршила увоз на банани. Од слобода се лишени сопственикот на фирмата, неговиот син, лице кое случајно се нашло во магацинот за истовар на бананите  и возачот на камионот кој е државјанин на Црна Гора.

Претходно медиумите информираа дека се работи за количина од 1.3 тони кокаин .Колку килограми  точно тежела пратката и дали е запленета во друга држава Чулев не сакаше да открие во интерес на меѓународната истрага.

Според  италијански но и албански медиуми, акцијата траела три месеци. Наводно станува збор за пратка од 1,3 тони кокаин кои од Јужна америка патувала до пристаниште во Црна Гора а требало да заврши во Копер Словенија но од непознати причини дестинацијата била сменета во последен миг по што завршила во Крушопек.