Македонија
16. September 2019 - 12:37

Во Куманово за време на викендот санкционирани 38 возачи за возење со поголема брзина од дозволената

За време на викендов 38 возачи од Куманово управувале со брзина над дозволената, од сообраќај биле исклучени 14 возачи, од кои тројца возеле под дејство на алкохол, а единаесет управувале со возила пред да се стекнат со право за управување со моторно возило, информираше денеска СВР Куманово, по преземените мерки и активности.

Од сообраќај биле исклучени осум возила, информира кумановската полиција, бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран бил еден возач поради престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило. Во текот на викендот се издадени 91 мандатен платен налог, 75 прекршочни платни налози, а осум возила биле подигнати со специјално возило „пајак“.