-->
-->
Во Македонска Каменица почна пријавувањето за чистење оџаци пред почетокот на грејната сезона
-->

Со цел спречување на појава на пожари во станбени објекти, Јавното претпријатие ,,Камена Река” од Македонска Каменица ја продолжува праксата за чистење на димоводните канали во колективните живеалишта, информираа од претпријатието. Активноста како што појаснија оттаму ќе се реализира во пресрет на новата грејна сезона.
-Ги известуваме граѓаните станари во колективните живеалишта во општина Македонска Каменица, дека од денеска (26.09.2020 година) започнува пријавувањето за чистење на оџаците пред почетокот на грејната сезона. Оваа редовна пракса која Јавното претпријатие ја врши секоја година пред почетокот на грајната сезона, ќе се врши исклучиво по претходна пријава за чистење од страна на претседателите на Куќните совети или од група на станари, истакнаа од ЈП ,,Камена Река”.
Со постапката, како што додадоа, ќе се влијае на поголема безбедност и елиминирање на можноста од појава на пожари предизвикани од запалување на оџаците во колективните живеалишта во текот на грејната сезона.
-Апелираме до граѓаните за строго придржување кон Куќниот ред за станување во колективни живеалишта, како и навремено пријавување на проблеми со чистотата и исправноста на оџаците, без преземање на било какви чекори без известување до претпријатието или ТППЕ Македонска Каменица, нагласија од ЈП ,,Камена Река”.
Неисправноста на димоводните канали во колективните станбени живеалишта пред неколку години беше честа причина за појава на пожари во минатото, заради што комуналното претпријатие започна со реализација на најавената активност за чистење на димоводните канали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
