Loading Video...
Кошарка
17. May 2020 - 16:35

Во НБА не размислуваат за откажување на сезоната: Хјустон прв се враќа на тренинзите

 
 
Безмалку една милијарда долари би ја чинело НБА лигата доколку не ја доврши сезоната, па затоа никој не ни размислува на таква опција. 
 
Напротив, стивнувањето на пандемијата на Ковид-19, во САД, го забрза и процесот на враќање на тимовите на теренот. 
 
Иако, првичниот план беше тоа да се случи кон крајот на месецов, сепак американските медиуми најавуваат дека веќе утре тимот на Хјустон ќе биде првиот кој ќе ги повика играчите на тренинг. 
 
Но, тоа на Харден, Весбрук и соиграчите нема да им биде наредноно, напротив, тие ќе имаат можност да одлучат сами кога ќе се вратат на паркетот. 
 
Но, сигурно дека тоа ќе биде многу побрзо од предвиденото со оглед на тоа дека се заговара и кратење на периодот кој екипите би го имале за подготовки од повеќе од еден месец, на само 15-тина до 20 дена, со што ќе се заврза и процесот на растартување на лигата, односно продолжување на натпреварите од тековната сезона. 
 
Засега нема потврда кога би продолжила НБА лигата и дали во целост или по некој скратен систем би се доиграле сите натпревари, како и тоа дали екипите би биле собрани во еден-два града каде би имало пред се најдобри безбедно-здравствени услови за играчите, како што впрочем беше и најавата за играњето на натпреварите во Лас Вегас, Хаваи и неколку други места.