-->
-->
Во ноември температурите просечни, врнежите над просекот
-->
- Температурите на воздрухот во ноември се движеле во рамки на просечните, а врнежите биле надпросечни, покажуваат податоците од УХМР.Највисока средна месечна температура е регистрирана во Гевгелија од 9.5 степени, а најниска во Лазарополе 3.5 степени (во Демир Капија 8.4, во Штип 8.0, Струмица 7.7, во Охрид 7.5 во Скопје 7.3, во Битола и Прилеп 6.8, во Крива Паланка 6.1, во Берово 4.7 и во Маврово 3.6 степени).
Споредено со повеќегодишниот референтен период 1981-2010 година отстапувањето на средната месечна температура беше во границите од просечна до еден степен повисока.
Првата и третата декада од месецот се одликува со пониски температури од просечните, додека втората декада со значително повисои (дури три до четири степени).
Средните максимални вредности на температурата на воздухот беа повисоки од просечните за околу степен, освен во западните делови на Република, каде беа малку под просекот. Средните минимални температури, исто така, беа за степен повисоки од просечните вредности. Во текот на месецот највисоки температури се измерени на 12 и 13 ноември (Битола до 20.1С), а апсолутно најниска температура во Републиката е измерена кон крајот на месецот, на 29 ноември (Берово-9.1С). Апсолутните многугодишни екстремни вредности на температурата на воздухот не се надминати.
Во месец ноември 2017 регистрираните месечни количества врнежи во целата Република се над просечните многугодишни вредности, освен во Крива Паланка и Лазарополе. Особено големи количества на врнежи се регистрирани во југоисточниот дел на Републиката, каде месечната сума е и од четири пати повисока од просечната.
Најголемо количество на врнежи во месецот е измерено во Гевгелија 269 мм, а најмало во Крива Паланка 51мм. Во Демир Капија месечната сума изнесува 210мм, во Маврово 149мм, во Охрид и Струмица 128мм, во Лазаропле 126мм, во Берово 95мм, во Прилеп 90мм, во Битола 89м, во Штип 64мм и Скопје 61мм.
Врнежите се регистрирани во текот на целиот месец, а најголемиот дел од втората декада. Најголемото дневно количество на врнежи е измерено во Демир Капија на 16 ноември и изнесува 100мм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
-

Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
