Во ново пукање на универзитет во Луизијана, едно лице е убиено, а седум се повредени
– Едно лице е убиено, а седум други се повредени во пукање на Универзитетот Грамблинг во Луизијана. Тоа е втор таков фатален инцидент во кампусот за помалку од една недела, соопшти универзитетот.
Еден од повредените е студент на универзитет, додека другите не се, објави универзитетот на Твитер. Пукањето се случи вчера, околу еден часот по полноќ.
Часовите на тој универзитет се откажани денеска и утре, а полициски час е воведен во кампусот од 21:30 часот до 6:00 часот наутро по локално време до дополнително известување. Пукањето се случи само неколку дена откако едно лице, кое не е студент, пукало и смртно рани друго лице, кое исто така не е студент, пред зградата на студентското здружение Фаврот, објави Универзитетот Грамблинг. Инцидентот, исто така, се случи околу еден по полноќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови