Во општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на унгарскиот народ

Општина Кисела Вода и Амбасадата на Унгарија во Македонија го одбележа Националниот ден на унгарскиот народ - 15 март. На овој ден пред 169 години започна Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна Унгарија.
Во знак на почит и продолжување на успешната соработка со Унгарија делегација од општината, положи цвеќе на спомен плакетата на Шандор Петефи, која се наоѓа на истоимената улица во населба Драчево. Патефи бил истакнат унгарски поет и е еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година.
На свеченоста се обратија унгарскиот амбасадор во Македонија Ласло Иштван Дукс и претседателот на здружението на Унгарците во Македонија, Јожеф Шутуш.
- Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи да ги негува културните и историските традиции на Унгарците кои живеат на територијата на Репулика Македонија. Преку континуираните заложби за заемно запознавање на културно-историските вредности, локалната самоуправа дава свој придонес во зближувањето на двата народа, унгарскиот и македонскиот, соопшти општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
-

Винисиус доби минимална казна, неговата суспензија можеше да биде подолга
-

Приведен црногорски државјанин, возел со брзина од 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100км/ч
