Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
Во општините Дебар и Центар Жупа, во единствениот избирачки список запишани се поголем број лица, отколку, што, според пописот од 2021 година, има резидентно население.
Во општина Дебар со право на глас се запишани 19.334 лица, наспроти 15.412 колку што според пописот има жители, додека во соседната општина Центар Жупа резидентно население има 3.720 а во единствениот избрачки список се запишани 7.393 лица со право на глас.
-На прв поглед овој податок збунува, но тоа е појава која е присутна и во други општини, како што повеќе изборни циклуси наназад е и соседната општина Маврово и Ростуше. Тоа е поради масовната миграција присутна во овој крај. Поконкретно бројот на гласачи е поголем бидејќи во него се и нашинците кои се во странство а поседуваат лични документи на нашата држава, изјави за МИА, Неџип Илјаз претседател на Општинската изборна комисија за Центар Жупа.
Подговоките за престојните избори течат непречено.
-Денеска во Дебар заврши петневната обука на 270 членови за 27 избрачки избори, како и за ОИК. На трети април успешно заврши четиридневната обука во Центар Жупа за 160 членови на 16 избирачки одбори и ОИК, рече за МИА, Али Реџа одговорен на тричлената екипа обучувачи.
Според првите луѓе на ОИК разгледани се доставените барања и документацијата и одлучено е во вторник во домашни услови да гласаат 32 изнемоштени и болни лица во општина Дебар и 5 во Џентар Жупа, колку што и се пријавиле.
Двете општини се дел од петтата изборна единица, ќе се гласа на 27 односно, 16 гласачки места, кои главно се сместени во простории на училиштата.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување