Свет
20. February 2020 - 9:38

Во Панама запленети пет тони кокаин

Полицијата во Панама заплени пет тони кокаин шверцуван во полуподморница и уапси четворица Колумбијци, соопштија денеска властите во Панама.

Службата за поморско воздухопловство не прецизираше кон која дестинација шверцерите ја пренесувале дрогата.

Панама минатата година забележа рекордна заплена од вкупно 91 тон дрога од кои – 77,9 тони кокаин и 12,9 тони марихуана.