-->
-->
Во Пехчево ќе се одржи 57-от Државен натпревар на најдобрите трактористи
-->

На 1 октомври, в сабота, Пехчево ќе биде домаќин на 57-от Државен натпревар на најдобрите трактористи во Македонија, во организација на Сојузот за техничка култура во стопанството и на Народна техника на Република Македонија.
Како што информираше денеска Живко Каликов, соработник за односи со јавноста од Општина Пехчево, најдобрите земјоделци-трактористи од Македонија на 1 октомври ќе се натпреваруваат во своите вештини на парцела во близина на локалитетот Равна Река.
- Почнуваме во 9:30 часот на плоштадот во Пехчево со ревијален дел на учесниците, а натпреварот ќе се одржи на парцела во близина на археолошкиот локалитет Св. Петка. На овој 57 Државен натпревар на земјоделци ќе бидат собрани земјоделци – трактористи од 6 регионални натпревари кои на овој натпревар ќе можат да ги покажат своите знаења и вештини од областа на земјоделската механизација и обработка на почвата. Најдобрите од овој натпревар ќе продолжат да тренираат преку цела година и потоа ќе бидат избрани двајца земјоделци кои ќе ја претставуваат Македонија на светскиот натпревар на земјоделци – трактористи во 2017 година, рече Каликов.
Тој ги повика сите заинтересирани земјоделци и други граѓани од целиот регион да присуствуваат на овој несекојдневен настан во Пехчево и да бидат сведоци на умешноста и вештините на најдобрите трактористи од Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
