Во поплавите во Малезија загрозени 125.000 луѓе
Обилните дождови кои предизвикаа големи поплави во Малезија во последните две недели погодија седум држави, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи.
Според соопштението, 125.000 луѓе се загрозени од поплавите, а малезиските држави кои сè уште се погодени од катастрофите се Келантан, Теренгану, Паханг, Џохор, Малака, Негери Сембилан и Сабах.
Според извештаите, 8.727 луѓе се во 128 прифатни центри, а 117.700 евакуирани се вратиле дома.
Во поплавите загинале 50 лица, а двајца сè уште се водат како исчезнати.
Малезискиот премиер Исмаил Сабри Јакоб минатата недела најави дека државата ќе одвои 334,93 милиони долари за помош на најпогодените од големите поплави.
Малезискиот премиер додаде дека владините мерки ќе им помогнат на најмалку 30.000 погодени домаќинства.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
