Во Прилеп почнаа чествувањата за загинатите кај Карпалак

Со положување цвеќе и почит за загинатите бранители пред спомен-обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“, почнаа чествувањата по повод 15-годишнината од загинувањето на 10 –те прилепски бранители на „Карпалак“ во 2001 година.
Најблиските на загинатите, претставници од АРМ, од здруженија, од локалната самоуправа и граѓани се поклонија во спомен на загинатите: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Беше посетена и спомен собата во кругот на Касарната.
Обраќајќи им се на присутните, заменик-командантот на касарната, мајор Славчо Кузмановски рече дека Прилеп заслужено го носи епитетот град-херој, зашто дал голем број борци, херои за слободата на татковината. Така беше и кога земјата се справуваше со тероризмот.
- Кога земјата се справуваше со тероризмот, токму прилепчани го понесоа тешкото бреме во борбата против тероризмот и заканите за безбеноста на државата. Токму од ова место на 8 август 2001-та, дел од нашата единица се упати на задача кон Тетово, но за жал, кај Карпалак беа пресретнати од група терористи и нападнати. Поголемиот дел од колоната се извлече, но десетмина загинаа. Денес, пред нивното спомен-обележје се поклонуваме, со ветување дека никогаш нема да бидат заборавени. Останува обврската, наша и на идните поколенија и генераци, споменот да го чуваме, да се сеќаваме на 2001 година и да не дозволиме никогаш да се повтори, рече мајор Кузмановски.
Вечерва беше посетен и споменикот на загинатите бранители во селото Лениште, а во манастирот „Света Петка“ се одржа вечерна богослужба во спомен на загинатите.
Утре, на годишнината ќе бидат посетени гробовите на бранителите во Прилеп, а напладне е централното одбележување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на градот.
Ново на Сител
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
