Македонија
28. October 2020 - 19:44

Во прилепската болница специјалистички одделенија се пренаменуваа во ковид капацитети

Поради преисполнетост на капацитетите на инфективното одделение во Прилеп со заболени од Ковид 19 за оваа намена е преадаптирано целото одделение за уво, нос и грло. каде веднаш се хоспитализирани 10 пациенти со полесна клиничка слика и 5 пациенти кои ги чекаат резултатите од тестовите. Овие пациенти биле под надзор на општите лекакри вработени во болницата, додека пак во инфективното одделение има 24 пациенти во потешка состојба, кои се под надзор на инфектолозите.

Со оваа пренамена во Прилеп засега има уште 12 слободни места, а ако и тие се исполнат ќе се преадаптирал и еден отсек на Интерното одделение со 30 кревети. Се решавал и проблемот со недостиг на кадар и централен довод на кислорот за инфективното одделение со донација на прилепски фирми.

„Маки мачиме да обезбедиме кадар, а исто така имаме пратено и сестри во Инфективна клиника во Скопје, така што во наредниот период планираме да примиме уште 4 до 5 болничари, а исто така имаме потреба од 5 до 6 сестри да се ангажираат. Има опција согласно законот за работни односи времено да бидат ангажирани во траење од 30 дена. Бидејќи ние имаме кислородна станица која што е во близина на инфективното одделение и од идната недела ќе се започне со изградба на тој довод за кислород“, вели Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

Директорот Богоески го демантираше вчерашниот извештај од истражувањето на невладината „Станица 5“ дека пациентите во Прилеп кои се хоспитализираат сами си носат храна, лекови и постелнина и дека имало нехигиена во болницата.

„Најмалку недостасувата кебиња, постелнина и перници. Ноторна лага е тврдењето дека пациентите купувале шприцеви и игли или купувале лекови. Пациентите можи по своја иницијатива да донесат храна од дома, но никој не ги уценил дека нема храна и дека мора да носат од дома. Беше споменато дека биле потрошени милионски суми, а не се набавила магнетна резонанца. Па магнетна резонанца не е пет пари, магнетна резонанца можи да обезбеди Министерството за здравство“, додаде Богоески.

Инаку денеска во Прилеп има 28 новозаразени со Ковид 19 и 2-јца починати на 55 и 56 годишна возраст.