Во Рим пронајдена древна мермерна статуа на Херкул
При поправка на канализацијата под парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкул, која најверојатно датира од времето на Римската Империја (27 г. п.н.е. – 476 г. н.е.).
„Ова место ни приреди големо изненадување – мермерна статуа во природна големина. Поради тојагата и наметката од лавовска кожа, знаеме дека станува збор за отелотворение на Херкул (Херкулес)“, објави Археолошкиот парк „Апија антика“ на својот Фејсбук-профил.
Работниците ископувале на длабочина од 20 метри и нивните активности, како што често се случува во италијанската престолнина, биле надгледувани од археолози. Ваквите наоди се чести на подрачјето на цела Италија – лулката на Стариот Рим.
Во областа на Сиена во ноември лани беше откриена низа бронзени статуи што останале зачувани под земјата околу 2300 години. Повеќето од 24-те статуи биле пронајдени под бањи, заедно со околу 6.000 бронзени, сребрени и златни монети. Во тој период во областа се мешаат постарата етрурска и завојувачката римска култура.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци