Свет
11. December 2020 - 8:58

Во САД црн рекорд на починати од Ковид-19 за еден ден

Во изминатите 24 часа во САД од Ковид-19 починале 3.124 лица, што е најголем број на смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Тоа се повеќе смртни случаи отколку во терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, кога беа убиени 2.977 лица.

Од почетокот на пандемијата во САД од Ковид-19 починале повеќе од 290.000 луѓе, а повеќе од 15 милиони се заразиле.