Во Штип 345 земјоделци пријавиле штети од мразот
Штипските земјоделци до Комисијата за проценки на штети на општина Штип до денеска доставиле вкупно 345 барања за обесштетување на лозовите и овошните насади од мразот.
Портпаролот на општина Штип Драган Ристов денеска изјави дека најголем дел од пријавите се за обесштетување на овошни и лозови насади, а имаат само еден случај на обесштетување за последици по пчелните семејства.
- Општина Штип ги известува граѓаните дека рокот за поднесување истекува денес, но за да им се излезе во пресрет на оние кои им е потребно уште време за прибирање на документацијата, пријавите ќе се примаат и во вторник. Доколку некој има проблеми со документацијата или постапката, слободно може да побара помош од надлежните во локалната самоуправа, рече Ристов.
Општина Штип апелира земјоделците да пријавуваат штети кои навистина им носат финансиски потешкотии бидејќи Комисијата евидентирала и пријави за штети на неколку стебла овошје или на неколку лозови насади.
Во тек е и пријавувањето на штетите во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водстопанство. Земјоделците во подрачните единици на МЗШВ ќе можат штетите од пролетниот мраз да ги пријавуваат до 10 мај.
Ново на Сител
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани
-
Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот „ДНК“
-
ЕХФ го одби одложување на Словенија - Македонија, навивачите ќе оддат почит на загинатите во Кочани
-
Владата по трагедијата во Кочани донесе неколку важни одлуки
-
Тошковски: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица
-
Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави
-
Сара Пројковска која беше придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани
-
Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК: „Што сака нека биде“ беше песната кога започнал хоророт