Во Штип дебата за Националната стратегија за млади
Агенцијата за млади и спорт заедно со Советот на млади-Штип денеска организираа јавна дебата за Нацрт стратегијата за млади, која ќе важи за периодот од 2016 до 2025 година.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски истакна дека на почетокот на годината заедно со УНДП почнале да ја креираат новата национална стратегија за младите, а ова е 11. јавна дебата во земјава. Појасни дека во националната стратегија ќе бидат дефинирани и таргетирани сите проблеми и предзвици на младите во земјава. Во стратегијата дефинирани се девет приоритети, а во работните групи учествивале 150 лица претставници на младите и на невладиниот сектор.
- Деветте приоритени области се оние кои што претходно беа дефинирани во претходната национална стратегија за младите. Тоа се образованието, вработувањето и подршката при вработување, културата, спортот, здравството и превенцијата, локалната младинска работа, младинското учење, квалитетот на живеење и младинското информирање. Во сите овие области имавме убави предлози кои директно беа инволвирани во процесот на креирање на Националната стратегија за младите, изјави Спасевски.
Претседателката на Советот на млади-Штип, Сања Стефанова нагласи дека на јавната дебата на која се присутни ученици од повеќе училишта во градот, но и претставници од младинските организации се слушнаа повеќе предлози за учеството на младите при креирање на одредени реформи и се дадоа предлози за одредени мерки кои ќе им помогнат.
Таа рече дека на младите им недостасува мотивација да учествуваат во одредени активности, како што е спортскиот живот.
- Во текот на изминатиот период се отворија голем број на спортски терени во Штип. Сепак сметаме дека на младите им недостасува и мотивација за да бидат дел од спортскиот живот во градот, изјави Стефанова.
Ново на Сител
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево