Во Швајцарија откриени жаришта на коронавирус во градската канализациска мрежа

Швајцарските научниците успеаја да откријат жаришта на коронавирус во отпадните води, што овозможува можен нов начин на рано предупредување на нови извори на зараза во време кога земјите ги укинуваат ограничувањата.
Ако методот докаже дека е ефикасен, земањето примероци од канализација ќе му овозможи на јавниот здравствен систем да открие рано повторување на епидемијата на коронавирус, дури и една недела пред да може да се покажат дијагностичките тестови, проценуваат научниците.
Ковид-19 е респираторно заболување со кое што се заразени повеќе од 3,2 милиони луѓе , а повеќе од 233.000 починаа во светот.
„Отпадните води не лажат и го рефлектираат она што се излачува во изминатите неколку часа“, вели водачот на научниот тим Кристоф Орт од швајцарскиот федерален Институт за наука и технологија.
Научниците од Федералниот институт за технологија од Цирих (ETH) и Лозана (EPFL) велат дека овој метод на набљудување сè уште треба да се прецизира пред да се извлечат јасни заклучоци за концентрацијата на вирусот во примероците. Првичните резултати на тимовите од двата швајцарски универзитети се сепак охрабрувачки.
Беа анализирани отпадни води од Лозана, Цирих и Лугано, вклучително и примероци од последните два града собрани кон крајот на февруари, кога беа забележани првите случаи на ковид-19 во Швајцарија.
Научниците биле во можност да го детектираат новиот коронавирус во сите примероци. Концентрациите во најновите примероци беа толку високи што анализата беше многу едноставна. Но, не беше така лесно со примероците во февруари.
„Не очекувавме дека ќе успееме да идентификуваме нешто во отпадната вода во Лугано во време кога имаше само еден случај и од Цирих кога таму беа забележани само шест случаи“, вели Тамар Кон од ЕПФЛ.
По успешната пилот програма, и австралиските научници во април објавија дека очекуваат да почнат со тестот за неколку недели, со масовна анализа на отпаднит води за присуство на вируси за лоцирање на фокусите на инфекцијата.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
