Во Скопје девет сообраќајки со пет повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои во четири со полесни повреди се здобиле пет лица, а пет поминале само со материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор и девет возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувале на возилото.
Затекнати се и четири пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 72 возила.
Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во детската градинка „Кочо Рацин“, објект „Бели мугри“ и во детската градинка „13 Ноември“, објект „Кукушка“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Центар. гв/вј/09:01
Ново на Сител
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
