Кошарка
13. July 2021 - 18:29

Во Скопје започнува „Челенџер“ турнирот за кошаркарки до 20 години

Од денеска до недела во СЦ „Кале“ во Скопје ќе се одржува така-наречен  „Челенџер“ турнир на кој ќе играат кошаркарки до 20 години од пет репрезентации, меѓу кои размирливо и Македонија. 
 
Наместо вообичаените летни младинки европски шампионати, годинава ФИБА реши да се одржуваат „Челинџер“ турнири во сите годишни возрасти како и досега. 
 
Првиот во Скопје е женскиот до 20 години, на кој македонските младинки својот прв настап ќе го имаат вечерва од 21 часот во дуелот против соодветната селекција на Луксембург.
 
Противнички на избраничките на селекторот Саша Димитриевиќ ќе бидат и нивните врснички од Словачка и Косово кои го играат првиот натпревар, а покрај овие селекции на овој турнир настапуваат и кошаркаркитре од Романија 
 
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
 
Вторник
17.00: Словачка - Косово 
21.00: Македонија – Луксембург
Романија – слободна
 
Среда
17.00: Луксембург - Словачка
21.00: Романија – Македонија
Косово - слободна
 
Четврток
17.00: Косово - Луксембург
21.00: Словачка – Романија
Македонија - слободна
 
Петок  - СЛОБОДЕН ДЕН
 
Сабота
17.00: Романија – Косово
21.00: Македонија – Словачка
Луксембург - слободна
 
Недела 
17.00: Луксембург - Романија
21.00: Косово – Македонија
Словачка - слободна