Македонија
9. February 2021 - 12:53

Во следните денови времето под влијание на студена воздушна маса

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со умерен до засилен јужен ветер. В четврток повторно ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови, а на планините на запад ќе врне снег.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север, в четврток попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување.

Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.