Loading Video...
Балкан
5. April 2021 - 19:59

Во соседството се олабавуваат мерките пред се како резултат на масовната имунизација

Попуштање на мерките но и интензивна имунизација се спроведува во  соседните земји. Во Србија денска пристигна нов контигент од 500.000 Синофарм вакцини, а во Грција од 7-ми април секој ќе може да си купи брз тест за ковид во аптека. Во Белград шефовите на дипломатиите на Грција, Кипар и Србија договорија и отворање на границите. Српските туристи уште овој месец ќе можат да летуваат на Кипар со задолжителен ПЦР тест, а за влез во Грција ќе треба дигитален вакцинален сертификат или негативен ПЦР.

Една од причините за олабавувањето на мерките во Србија е токму имунизацијата. Од денеска кај северниот сосед се отворија бавчите на рестораните, а работното време на сите установи и објекти е продолжено до 22 часот. И Грција, по подолго време, ги отвори продавниците, но со задолжителна дистанца. Угостителските објекти се се уште затворени, но грчката влада најавува дека и тие наскоро ќе почнат со работа. До 19 април важи и седумдневен карантин по доаѓање во Грција. Рестрикциите се заострени во Словенија и Хрватска. Во Албанија полицискиот час почнува од 22 часот до 6 наутро, но нема забрани на границите, а сите објекти се отворени.