Во Србија денеска 12.877 новозаразени со Ковид-19
Според официјалната веб-страница на Министерството за здравство на Србија, во последните 24 часа 12 877 лица биле позитивни на коронавирус од тестирани 33 195 лица, 26 лица починале, со што вкупниот број на починати од ковид-19 е 12 984 лица, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Србија, вчера за првпат од почетокот на епидемијата е регистриран петцифрен број новозаразени со коронавирус – 13 693, од 37 402 тестирани примероци.
Коронавирусот експлодираше, порачуваат епидемиолозите во Србија. Во Белград повеќе од осум илјади луѓе дневно се прегледуваат во ковид амбулантите, а во аптеките во последните седум дена распродадени се брзите антигенски тестови наменети за домашна употреба.
Вирусологот Миланко Шеклер денеска изјави дека има многу повеќе новозаразени, можеби двојно повеќе отколку што деновиве покажуваат бројките, наведувајќи дека доминира омикрон сојот на коронавирус.
– Фактот што вчера имаше близу 14 000 новозаразени, не ми значи многу. Со денови луѓето чекаат на ниски температури во редици но не се тестирани сите, затоа што се откажуваат или ги враќаат за некој друг ден. Тоа се оние денови кога имаше 8000 – 9000 новозаразени, па сигурен сум дека оваа бројка од десет илјади е барем двојно поголема, можеби и од оваа од 15 000, изјави Шеклер за ТВ Пинк.
Од 3 до 9 јануари повеќе од половина од тестираните студенти во Студентската поликлиника во Белград имале позитивен наод или од 600 тестирани, дури 340 студенти биле позитивни.
Поради крајно неповолната епидемиолошка состојба, претходно најавената организирана прослава на српската Нова година (Василица) во повеќе градови е откажана.
Ново на Сител
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд